Средба на Иванов и Вучиќ во Белград

0
590

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе одржи средба со новиот српски претседател Александар Вучиќ. Иванов синоќа присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на Вучиќ, на која беа поканети околу пет илјади гости, а присуствуваа премиери, министри, претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот, меѓу кои еврокомесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји.