Среќен 73- ти роденден Народен театар Битола

0
1334

Со претставата Крвави свадби од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓоргиевски битолскиот театар одбележa 73 години постоење.

Крвави свадби е еден од најзначајните драмски текстови на 20-от век. Таа драма и денеска е непресушна инспирација и живее на многу театарски сцени ширум светот. Лорка ја напишал според вистински настан кој го прочитал во весник неколку години порано, вели за претставата режисерот Ѓоргиевски.

Инаку, Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“. Првите членови и основачи на театарот биле: Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Од 1980 година, театарот работи во нов објект.

На прославата за одбележување на роденденот, покрај екипата на битолскиот театар, присутни беа и многубројни гости од Скопје, Охрид, Прилеп.