Среќен роденден кафе игротека Буба Мара

0
1051

Кафе игротеката Буба Мара одбележа една година постоење со роденденска забава за сите дечиња кои ја посетуваат. За роденденот овојпат се погрижи кловнот Заги.

Ова пријатно катче, современо и удобно за безброј насмевки, работи по највисоки стандарди, безбедна, детска игротека со програма изработена од страна на професионалци со сертификат усвоен во светски рамки.

Во оваа игротека се нудат разновидни содржини за деца од сите возрасти, кои ветуваат одлична забава, тобоган, топчиња, тунел, дрвен мост, трамболина, спуштање со јаже и други разновидни друштвени и креативни игри.

Организираат и прославување на родендени. Со задоволсто ќе Ви приготват незаборавна забава, секако со Ваша консултација и по Ваша желба, единствено што останува е да ги посетите и да резервирате термин за роденден на Вашите најмили. Исто така пред игротеката се наоѓа паркинг за сите гости.

Во оваа игротека работи професионален и љубезен персонал кои ќе направат во ниеден момент на децата да не им биде досадно, а родителите во тоа време да се релаксираат со добро кафе, сок и други пијалоци, како и да прочитаат дневни и неделни весници и списанија.

Кафе игротека Буба Мара нуди и згрижување на деца на саат , додека родителите ги извршуваат своите обврски.

Ова забавно едукативно место се наоѓа на улица Довлеџик 5а, поранешен салон Јосифов.