Stand up турнејата на Влад Илич е под полна пареа а МКЦ вечерва гo носат во Битола

Влад е новиот битолски кабадаја, а за него велат дека е и перспективен комичар кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „миленијал” од источна Европа во Лондон. Влад и сето тоа го преточува во прецизно смешно comedy show, со кое од ден на ден станува неверојатно популарен и баран по comedy клубовите во Англија.

Актерот Влад Илич веќе седум години ја гради својата кариера како стендап комичар. По актерските студии на Малта, се сели во Лондон, каде во сериозна конкуренција ги освојува наградите „Stand Up Club’s New Comic of the Year“ и „Max Turner Prize“ на Comedy Virgins и влегува во елитата на лондонски комичари кои се посакувани на корпоративните или клупски забави. Изведува стендап на четири јазици и неговиот настап на Би-Би-Си му го обезбеди статусот на „ѕвезда“ во најава.

За прв пат на битолски терен, да ве насмее до трета пијачка вечерва во Камарите Битола, Влезот е слободен! Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани, затоа бидете точни да си фатите место!

Сподели