Стапија на сила вонредните мерки во Шпанија, Пучдемон развластен

0
428

Владата на Шпанија утрово ја укина автономијата и го презеде управувањето над каталонската влада, јави БИ-БИ-СИ.

Во шпанскиот службен весник е објавено дека управувањето со Каталонија е доверено на потпретседателката на Владата на Шпанија, Сораја Саенс де Сантамарија.

Претходно се сменети високи полициски функционери.

Овие мерки доаѓаат откако парламентот на Каталонија со мнозинство гласови ја усвои декларацијата за независност и прогласи отцепување од Шпанија.

Веднаш потоа шпанскиот Сенат го активираше членот 155 од Уставот и одобри вонредни мерки.

Ова е списокот на мерки кои шпанската влада почна да ги воведува во Каталонија неколку часа откако каталонскиот парламент изгласа независност.

– Распуштање на каталонскиот регионален парламент и нови избори во Каталонија на 21 декември.

– Шпанската влада на Уставниот суд му предложи поништување на одлуката донесена вчера во каталонскиот парламент каде беше изгласана независност.

– Отпуштање на претседателот на каталонската влада, Карлес Пучдемон, потпретседателот и министрите во каталонската влада

– Избор на шпански министерства како органи кои ќе ја преземат должноста на каталонските министерства

– Затворање на канцелариите на претседателот и потпретседателот на каталонската влада

– Укинување на Советот за национална транзиција, тело кое каталонската влада го основала о 2013 година и чија задача е советување во процесот на осамостојување

– Укинување на Диплокат, тело задолжено за јавна дипломатија на Каталонија во светот-

– Укинување на каталонските делегации во светот, освен во Брисел

– Отпуштање на делегатот на каталонската влада во Брисел и Мадрид

– Отпуштање на генералниот секретар на секторот за внатрешни работи и генералниот директор на каталонската автономна полиција

Мерките, кои не се никогаш користени откако пред 39 години е воведена демократија во Шпанија, ги најави премиерот Маријано Рахој.

Тие произлегуваат од членот 155 на шпанскиот Устав и централната влада може да ги примени кога некоја од 17 автономни покраини одбива да ги примени одредбите од Уставот донесен во 1978 година.

http://novatv.mk