Стоук сити ќе биде новиот клуб на Афелај

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Стоук Сити го посакува Ибрахим Афелај со договор од две години, соопшти раководството на елитниот англиски клуб. 29 годишниот играч остана без договор со Барселона во текот на летото што значи дека Стоук Сити нема да плати обештетување. Холанѓанецот одигра само 21 натпревари за каталонците откако беше привлечен од сегашните европски клупски шампиони во 2011 година. Тој помина и периоди на изнајмување во Шалке и Олимпијакос, но не успеа да направи постојан трансфер.

Share.