Судењето на Грујевски и Бошкоски одложено за 1 декември

0
408

Двајцата екс разузнавачи на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски седнаа на обвинителна клупа во судот во Солун. Сепак, како што објавуваат медиумите чии репортерски екипи се пред судот, судењето се уште не започна, бидејќи нема судски преведувач и на него се чека со часови. Тие се во судница со адвокати од Грција и еден од Македонија.

Нив им се суди за лажни пасоши, а во судницата освен нив им се суди и на мигранти кои немаат правен статус во Грција.

Последните информации велат дека судењето е одложено за 1 декември.

Тие минатиот петок беа изведени пред судот во Солун поради поседување лажни патни исправи, но судењето беше одложено за денеска поради немање преведувач.

Кривичен совет од одделението за организиран криминал во Кривичниот суд во Скопје работи на барањето за екстрадиција на бегалците од Грција.Судот има 40 дена да ја подготви документацијата колку што им е доделен и екстрадиционен притвор на двајцата екс разузнавачи кои беа уапсени н аеродромот во Солун минатата недела. За експертите битна е и одлуката на тамошниот суд за кривичното дело- фалсификуваните бугарски пасоши, за што најверојатно ќе добијат и казна.