Света миса во Католичката црква во Битола

0
780

В недела на 19 ноември, со почеток од 11 часот, во католичката црква Пресвето срце Исусово, во Битола, ќе биде одржана литургија, света миса која ќе ја предводи Винко кардинал Пуљиќ, надбискуп со седиште во Сараево, во сослужение со  скопскиот бискуп Кирил Стојанов.
Од католичката црква ги повикуваме сите грагани на Битола и Прилеп како и сите луѓе со добра волја да им се придружат на овој величенствен настан, евхаристијата која е извор на животот и врв на боженствената радост.