Светот бележи рекорди на новозаразени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во светот со новиот коронавирус досега се заразени 39.388.943 лица. Од последици од ковид-19 починале 1.105.915 пациенти, а оздравеле 29.508.233 луѓе.

Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани нови 25.086 случаи со Ковид-19 и 122 починати лица.

Шпанија денеска регистрира најголем број нови случаи на коронавирус во рок од 24 часа од почетокот на пандемијата, 15.186 потврдени со Ковид-19.

Полска денеска забележа рекордни 132 смртни случаи поврзани со коронавирус, се заразиле 7.705 лица во последните 24 часа, додека владата воведува нови ограничувања и вели дека се обидува да избегне карантин.

Црна Гора денеска регистрираше 609 новозаразени со коронавирус, како и седум починати.

Во Русија во изминатите 24 часа се потврдени 15.150 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Во Хрватска во изминатото деноноќие се регистрирани 1.131нов случај на зараза со ковид-19 и еден смртен случај.

Во Словенија бројот на заразени од коронавирус продолжува да се зголемува, а според последните податоци на владата, во изминатите 24 часа инфицирани се уште 834 луѓе, додека четири пациенти починале.

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 265 новозаразени од ковид-19, а од тоа 40 отсто, или 106, се од Белград.

Бројот на новозаразени од коронавирус во Велика Британија се зголеми денеска за 15.650.

Во Грција во изминатото деноноќие се потврдени 508 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата во еден ден, а починаа осум пациенти.

 

Share.