define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); СЗО предупредува дека оваа година може да биде потешка од ланската - ТЕРА

СЗО предупредува дека оваа година може да биде потешка од ланската

Втората година на пандемијата на ковид-19 би можела да биде потешка од првата, имајќи ја предвид брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде циркулира позаразниот сој, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Влеговме во втората година на пандемијата, која може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири ковид-19“, кажа претставникот на СЗО Мајк Рајан, пренесува Ројтерс.

СЗО во најновиот извештај наведе дека околу пет милиони нови случаи на коронавирусот се забележани минатата недела.

„По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша од претходно пред да се поправи“, кажа техничката директорка на СЗО за кмовид-19 Марија вон Керкхоув.

Сподели