Tрамп и Ким Јонг Ун пристигнаа во Сингапур

0
432

Лидерите на САД и Северна Кореја денес пристигнаа во Сингапур каде на 12 јуни ќе одржат самит во врска со денуклеаризацијата на корејскиот полуостров и намалувањето на тензиите помеѓу двете земји.

Предвидено е Трамп и Ким да се состанат во вторник во 9 часот по локално време. На средбата ќе разговараат за крајот на нуклеарната програма на Северна Кореја и трансформацијата на оваа изолирана земја, која претрпе меѓународни санкции за својата нуклеарна програма.

Средбата во Сингапур ќе ја следат околу 3.000 новинари акредитирани од цел свет.