Талат Џафери ја откажа денешната собраниска седница

0
596

Собранието на Република Македонија денеска нема да ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред се Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата, како што информираат за МИА од собраниската прес-служба е презакажана во понеделник во 11:00 часот.

Претседателиот на Собранието вчера ја прекина седницата по серијата паузи што ја побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои за да се разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Иџет Мемети.