Тереза Меј: Договорот со ДУП не го загрозува мировниот процес

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Британскиот премиер Тереза Меј ќе се сретне со лидерите на сите партии од Северна Ирска, во обид да ги смири стравувањата во Белфаст за тоа дека договорот на британските конзервативци со Демократската унионистичка партија (ДУП), околу поддршката на малцинската влада во Лондон, го загрозува мировниот процес во покраината, од април 1998 година.

Предвидени се одделни средби во Даунинг стрит 10, со раководството на републиканската-католичка партија Шин Феин, со Алстерските унионисти (УУП), со католичката Социјалдемократската и либерална партија (СДЛП), како и со партијата Алијанса.

Лидерот на ДУП, Арлен Фостер веке на два пати разговараше со Меј во Лондон, околу договорот за доверба, според кој унионистите од Севрна Ирска треба да и даваат подршка во Парламентот на владата на Меј, која нема мнозинство во Долниот дом, но засега нема објава дека е постигната согласност.

Тоа требаше да се направи вчера, но британските медиуми најавија дека целата работа се одлага за следната недела.

Даунинг стрит 10 одби да ги коменира ваквите навестувања, но британската телевизија Скај тврди дека ДУП и ториевците на Меј, засега, имаат забележано „слаб напредок„ додека од владина страна се зборува само за „продуктивна дискусија„.

Најавата за средби на Тереза Меј со другите северноирски политичари, доаѓа по јавно изразените противења на договор меѓу владата во Лондон и ДУП и стравување од можноста да се поткопаат темелите на спогодбата од Велики петок за Северна Ирска, од пред 19 години.

Шин Феин неколкупати досега предупреди дека врзувањето на ДУП со британската влада е спротивно на мировната спогодба, а посебно на договорот за заедничко управување со владата на Северна Ирска.

Оваа сеирска партија на католиците, соопшти дека британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир не може повеќе да раководи со сегашниот процес за создавање заедничка северноирска влада и за поделбата на власта по тамошните предвремени избори, поради конфликт на интереси.

Со договорите е предвидено Британија и Република Ирска, како гаранти и надгледувачи на мировната спогодба, да демонстрираат „максимална непристрасност„ и така да дејствуваат, што владата во Лондон во иднина не би можела да го прави, откако ке го има ДУП за свој партнер во британскиот Парламент.

https://plusinfo.mk

Share.