Терористи од ИСИЛ резнесоа египетски брод

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Исламската држава погоди со проектил на наведување брод на египетската крајбрежна стража во Синај, кој се запалил, но немало жртви. Информацијата за првиот напад на исламистите на море ја потврди египетската војска.

До експлозијата дошло откако бродот на египетската крајбрежна стража забележал брод на кој се наоѓале терористи што припаѓале на Исламската држава. Крајбрежната стража истрелала еден проектил во правец на исламистите, а тие возвратиле, погодувајќи ја метата.

Џихадистите го зазедоа Синај минатиот ноември, кога околу 2.000 членови на веќе постоечката група Ансар Баит ал-Макудис се заколна на верност на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади.

Бродот на египетската крајбрежна стража редовно патролира во овие води и често превезува оружје и воен персонал до копното. Досега патувањата од овој тип се сметаа за безбедни бидејќи исламистите не напаѓале на море. /крај/бл/ст

Share.