Терористот протеран од џамија, околината со години предупредувала

0
500

Терористот од Манчестер Салман Абеди го обвинил својот учител за исламофобија, јавуваат светските медиуми.

Додека бил на Академијата за момчиња Бурнејџ, Абеди бил дел од групата што поднела приговор за наставникот поради исламофобија.

Тајмс пишува дека тоа го направиле, бидејќи наставникот ги прашал што мислат за оној што ќе стави бомба на себе и ќе разнесе луѓе.

Исто така, се појави информацијата дека пред пет години кога Абеди имал 17-години, две лица ја повикале полициската антитерористичка линија, бидејќи им рекол дека е во ред да се биде бомбаш-самоубиец.

Наводно постојат уште неколку лица кои во 2015 година го пријавиле Абеди поради екстремистичките ставови, истакнувајќи загриженост дека тој веќе е вклучен во терористичките мрежи.

На Абеди му бил забранет влезот во џамијата во Дидсбури, затоа што бил пријавен дека го критикува имамот кој во проповедите го осудил функционирањето на Исламската држава.