The Hounds со нов видео запис- Заминувам од овде

0
218

Алтернативниот панк-рок состав The Hounds, изработија видеозапис за песната „Заминувам од овде“. Текстот е на Леана Таќи, а аранжманот и продукцијата на Јордан Манов.

За креативниот спот се погрижија Филип Ѓорѓиоски и Петар Аврамоски од визуелната лабораторија „Tone Bandits“.

Видеозаписот е снимен на повеќе градски локации, а протагонистка во оваа приказна е Ева Антулеска.

– Ова е наша последна песна од првиот албум, воедно последна авторска музика за 2018 година, но ветуваме дека за втор албум нема да чекате уште една декада – изјави фронтменот на бендот Златко Карчески.

Бендот „The Hounds“ постои од 2008-та година, кога момците едноставно одлучија дека сакаат повеќе да се посветат на својата авторска музика, отколку на каверите. Оттогаш, покрај многуте клупски и фестивалски настапи низ целата земја, тие посветено работат на квалитетен авторски материјал.

The Hounds често настапуваат и во Битола.