Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Предвременото гласање за претседателските избори во САД на 3 ноември веќе го надмина нивото забележано пред четири години, во 2016 година, се наведува во вчера објавеното независно истражување.

Девет дена пред изборите, американскиот институт УС Елекшн Проџект основан при Универзитетот на Флорида, објави дека до вчера гласале 59 милиони граѓани.

Во 2016 година, предвреме гласале 57 милиони граѓани, лично или преку пошта, објави веб-страницата на Комисијата за изборна помош на САД.

Оваа година милиони Американци гласаа предвреме загрижени поради продолжувањето на пандемијата на корона вирусот или мотивирани од ривалството меѓу републиканскиот претседател Доналд Трамп и поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден.

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД.

„Само што гласав! Голема чест“ – напиша Трамп на социјалните мрежи. „ Гласав за Трамп“  изјави тој за медиумите.

 

Share.