Три часа пред летот треба да сте на аеродром

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за здравство информира дека согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се отвораат аеродромите во Скопје и во Охрид.

Протоколот донесен од комисијата е направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете.

Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно.

Share.