Три лица загинаа во сообраќајка на патот Велес-Штип

0
1245

Три лица загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи во сабота вечер на регионалниот пат Велес – Штип, кај местото „Црна точка“.

Според полициски извори, во несреќата учествувале два „голфа“, едниот со кумановски регистерски таблички. Во тоа возило имало четири лица, еден маж, две жени и едно дете. Мажот и едната жена починале на лице место, другата жена починала откако била префрлена во Медицинскиот центар во Велес.

Детето е префрлено во Ургентниот центар во Скопје и не се соопштуваат информации за неговата здравствена состојба.