Трите нови случаи во Битола на возраст од 26 до 38 години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола потврдени се 7 нови случаи на COVID-19:
-3 лица во Битола (на возраст од 26 до 38 години), трите лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лицa
-2 лица во Ресен (на возраст од 50 и 73 години), од кое едно лице дава податок за контакт со позитивно лице од веќе познат кластер;
-2 лица во Кичево (на возраст од 35 и 47 години), меѓусебно не поврзани;
Во Демир Хисар денес не се регистрирани нови позитивни случаи на COVID 19.
Денес согласно алгоритмот регистрирани се 2 оздравени лицe од Кичево, информираат од Центарот за јавно здравје- Битола.
Share.