Тројца вработени во театарот позитивни на Ковид 19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од министерството за здравство потврдија за Тера дека во битолскиот народен театар има неколку случаи на коронавирус.

„Од Центарот за јавно здравје во Битола информираат дека заклучно со вчера (27.10.2020) има тројца вработени во театарот кои се позитивни и болеста се уште им е во тек. Вкупно 10 лица се ставени во изолација (приватни/фамилијарни контакти на заболените). После разговорот со директорот на театарот, пробите и претставите ќе бидат одложени во период од еднаа седмица поради превенција, иако заболените воопшто не учествувале во подготовките на новата претстава“ се вели во соопштението од министерството за здравство.

Share.