Ценовник за користење услуги од пожарната

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес на седница на Советот на Општина Битола беше изгласана Одлуката за утврдување на ценовникот за користење на услуги што ги дава Територијалната противпожарна единица – Битола на физички и правни лица. Командирпт на ТППЕ Битола, Костадин Поповски вели дека досега овие услуги не се наплаќаа, но се работи само за случаи кога граѓаните не се во животна опасност. Во одлуката стои дека давање на услуги и видот на техничката опрема и услуга што се бара се врши по претходно поднесено барање од барателот. Кон барањето физичкото односно правното лице поднесува и изјава дека е запознат со условите и цената на давањето на услугата и дека истата во рок од три дена од добивањето на пресметката ќе ја исплати на жиро сметка на Општина Битола.
За давањето на услугата одлучува Градоначалникот на Општината или од него овластено лице по претходен писмен извештај од страна на Командирот на ТППЕ Битола или негов заменик.
Под услуги што ТППЕ ги дава на физички и правни лица се сметаат : користење на против пожарно возило со пожарникари , како и користење на друга техничка опрема .

Share.