Туристка загинала додека гледала како полетува авион

0
1676

Аеродромот на карпискиот остров Ст. Мартин е еден од најнеобичните, но и најопаснои аеродроми на светот.
За жал, епитетот најопасен премина во смртоносен.
Жена која го следела полетувањето на авион ја турнал удар од воздухот при полетување на авионот. 57-годишната Новозеланѓанка била веднаш префрлена во болница, но повредите на главата биле фатални и жената починала.
Туристите секојдневно ги набљудуваат полетувањата и следувањата на авионите, а ова е првпат некој да настрада.
На крајот на пистата се наоѓа јавна плажа од која туристите гледаат што се случува на аеродромот.