Турската полиција во операцијата која почнала во минатиот петок против милитантни групи, уапсила илјада и педесет луѓе, меѓу кои и припадници на Исламска држава, на Курдската работничка партија и на една ултра левичарска партија. Меѓу уапсените имало и 50 до 60 странски државјани, изјави турскиот премиер Ахмед Давутоглу. Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оцени дека курдските бунтовници никогаш не го почитувале примирјето со Анкара.
Турската полиција уапсила над илјада милитанти
Share.