Тутунарите и откупувачите се договорија

Компаниите ќе ја забрзаат динамиката на откуп, ќе ги преземат и вишоците, а пунктовите ќе бидат отворени додека откупниот процес не заврши во целост. Ако има потреба, тутун ќе може да се носи на вагите и во саботите. Ќе се интервенира и законски, за евентуално пролонгирање на рокот за откуп и по февруари.

Ова го договорија денеска производителите и откупувачите, на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во Скопје.

Како што беше речено по средбата, досега се откупени 40 отсто од реколтата.

Динамиката на откуп засега е 700 тони дневно, а министерот е убеден дека оваа лоша година за тутунот, сепак ќе биде позитивно заокружена.

„Постигнат е договор Тунски комбинат Прилеп да ја превземе обрврската за откуп на околу 440 тони тутун, кои една од откупните компании не беше во можност да ги откупи. На денешната средба,откупните компании повторно потврдија дека ќе го откупат целосното договорено производство како и произведениот вишок. Откупот продолжува да тече се до крајноот рок, а ако има потреба тој ќе биде продолжен се до откуп на целосното производство од оваа реколта“, соопшти по средбата со тутунарите, министерот за земјдоелие Арјанит Хоџа.

„Решение има ако фирмите ја забрзаат динамиката и го откупот вишокот на тутунот како што беше догорено денеска. Се согласија пунктовите да работат до законскиот рок, но и потоа, ако има потреба. Динамиката на откуп ќе биде зоглемена. Сите компании кажаа дека вагите ќе бидат отворени до преземање на сите количини“, рече претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнароски.

На средбата е договорено, додаде Стомнароски, производителите во подрачните единици да ги пријават вишоците тутун и да кажат со кои компании имаат склучено договори.

 

 

Сподели