Групата “TWINS”, новосоздадена група на македонската музичка сцена, го промовираа своето прво видео. Групата е составена е од 4 членови (Давид Стојчевски – вокал и клавијатура, Димитриј Стојчевски – хармоника, Мартин Андреески – кларинет, Антонио Костадиноски – тапани). Изведуваат македонска народна и поп музика но ги комбинираат и сите модерни и балкански стилови.
Идејата за создавањето на групата била на Давид и Димитриј кои исто така го смислија и името , иако првичната идеја била за малку поинаков состав кој сепак во иднина ќе го реализираат . Видеото на сплетот го снимаа Fun Production by Oliver Angeleski од Прилеп, за аудиото беа задолжени Давид Стојчевски и Игор Илиевски, додека песните се едни од најголемите македонски евергрини.
Инаку членовите на групата се млади средношколци: Давид и Димитриј ( 17 години III клас) се инструменталисти на пијано во ДМУ, Мартин Андреески (18 години IV клас )исто така инструменталист на кларинет во ДМУ додека Антонио Костадиноски (18 години III клас) е на теоретски отсек во Државното Музичко Училиште во Битола. Во иднина имаат доста планови и создавање на авторски песни и композиции.