Уапсени се трите лица за кои МВР објави фотографии

0
609

Уапсени се сите три лица за кои МВР утринава објави слики на барање на Скопскто обвинителство што ја води истрагата за насилството во Собранието на 27 април годинава.

Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода.

Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка,  по претходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и  во соработка со Министерството за внатрешни работи.