Убиецот или убијците на Јанушев сѐ уште се во бегство

0
560

Полицијата сѐ уште трага по убиецот (или убијците) на Мартин Јанушев (28). Убиството се случило вчера околу 18 часот  во скопската населба Аеродром.

Полицијата се за овој настан се огласи со информација на својата веб страница.

На 03.11.2017 година околу 17.40 часот на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје  непознато машко лице, со огнено оружје пукало во М.Ј.(28), по што истиот е пренесен во Градската општа болница “Наум Охридски“. Во 18.45 часот повредениот М.Ј. починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.