Унгарците се ковид-позитивни, одложен натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Европската ракометна федерација го одложи натпреварот од првото коло на групата Ц на Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер од Македонија и Татабања од Унгарија. Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања на коронавирус.

Натпреварот беше планирано да се одигра на 20 октомври во 18:45 часот во Битола, а ЕХФ дополнително ќе ги извести двата клуба за новиот термин за одржување на натпреварот.

Share.