Уникатна изведба на неповторливиот талент Исмаил Лумановски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Светско а наше! :D Гордо и непрекинато зборуваме за нашиот Исмаил Лумановски –битолчанец, македонски и американски брилијантен, бестрашен млад кларинетист.

И не само ние, за неговите настапи зборуваат и пишувале пофални зборови бројни музички критичари и угледни медиуми како New York Times.

Исмаил свири кларинет од 8 годишна возраст, а денес посветен на музиката од класичен стил, извонредно импровизира и изведува македонска, турска и ромска музика.

Не може а да не се спомене неговиот успех, музичка диплома од престижниот Juilliard School of Music од Њујорк, светски награди, стипендии, едукација во Менхетен, Њујорк, како и за светските настапи во  САД, Европа, Блискиот Исток и Кина.

На професионален план соработува со извонредни и талентирани музичари како: KhalifeMarcel, Al Di Meola, HusnuSenlendirici, Ivo Papazov, Selim Selser, Vasilis Saleas, SelloaneNkhela, ZulfuLivaneli и Yeni Turku.

На 17ти Август, по долгата турнеја низ светот доаѓа да настапува во својата земја и тоа на летна тераса Широк Сокак во Хотел Епинал, Битола. Ветуваме, ова ќе биде настан за кој сите ќе зборуваат. 😉 Ве очекуваме!

Share.