Ураганот Ирма беснее на Флорида

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ураганот Ирма ослабе на бура од категорија 3, но ударите на ветриштата на западниот брег на Флорида достигнуваат 192 километри на час, додека делови од Мајами се под вода.

Во финансискиот кварт на Мајами висината на водата е 60 сантиметри, а една од главните улици е претворена во река, пренесуваат агенциите.

Повеќе од милион домови се без струја. Наредена е евакуација на околу 6,3 милиони луѓе на Флорида со предупредување за бранови „опасни по живот“.

Во налетот на ураганот на Карибите настрадаа најмалку 27 луѓе, а на Флорида досега се потврдени три смртни случаи.

Share.