Уште еден Русин уапсен за самоубиствената игра „Син Кит“

0
1806

Рускиот државјанин Иља Сидоров е уапсен под обвинение дека стои зад играта „Син кит“ која се поврзува со самоубиство на 130 лица.

Како што пренесуваат медиумите, се претпоставува дека Сидоров (26) е поврзан со Филип Будејкин, 21 годишен Русин кој веќе е во затвор по истото обвинение.

Сидоров е обвинет дека ги охрабрувал младите да си наштетат себе си и на крајот да извршат самоубиство во извитоперената игра слична на онаа со име „Син кит“, пишува Индепендент.

Тој бил снимен како плаче додека полицијата го испитува во врска со тврдењата на една 13 годишна девојка која ја убедувал да скокне под воз.

-Децата кои се приклучувале во играта, добивале наредби да си нанесат повреди со остри предмети, да гледаат хорор филмови и да не спијат за да извршат низа задачи чија цел била да си наштетат на менталниот развој, а според објаснувањето на „играта“, по 50 дена децата се согласуваат да извршат самоубиство, објавува весникот.

Сидоров е уапсен поради тоа што регрутирал 32 деца во својата група и за тоа би можел да добие петгодишна казна затвор. Но од Министерството за внатрешни работи велат дека Сидоров е следен и за сучајот со една 1 годишна девојка која се обидела да се самоубие на почетокот на годинава.

Во соопштението се наведува дека осомничениот признал дека е администратор на „групата за самоубиства“ која се состоела од 32 члена – им давал задачи кои воделе до самоубиство. Тој е уапсен и пренесен во затворот Чељабинск.

Претходно уапсен е Будејкин, кој е обвинет дека стои зад социјалната мрежа Син Кит.

Надлежните треба да утврдат кој е одговрен за самоубиствата кои не се докрај истражени, а се сомнева дека имаат врска со активностите со кои се занимавале уапсените Руси.

novatv.mk