Уште една казна доживотен затвор за Диво Насеље

0
555

Доживотен затвор му изрече Основниот суд Скопје 1 на обвинетиот Сулејман Османи од село Брест кому му се судеше во посебна постапка за терористичките настани во куманоското Диво Насеље.

Судот со пресудата го задолжи Осман да ги плати и трошоците за судската постапка. Обвинетиот Османи со ракоплескање ја пречека пресудата и се обрати со зборовите: „да живее УЧК, вие со оваа казна осудивте 7 милиони Албанци“.

Судот во краткото образлложение кажа дека доказите потврдиле дека обвинетиот ги сторил кривичните дела тероризам и терористичка организација. Османи во текот на постапката не го призна делото тврдејќи дека не ги сторил кривичните дела.

Судот има рок од 60 дена да ја изготви пресудата во писмена форма и да ја достави до странките кои имаат право на жалба во рок од 15 дена откако ќе ја примат пресудата. Судијата Горан Бошевски во образложување на пресудата нагласи дека доказите обезбедени со ПИМ мерките јавноста ќе има можност да ги види по јавното објавување на пресудата, а со тоа, нагласи судијата, ќе се отфрлат сите шпекулации за овој предмет.

www.mkd.mk