Утре облачно и студено, а попладне со нови врнежи од снег

До крајот на денот облачно со врнежи претежно од снег, особено во западните делови. Во овие делови на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Во поголем дел од истокот ќе се задржи суво време. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец. Во ноќните часови врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали.

Утре претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Сподели