Утре продолжуваат разговорите за тоа дали ќе почне наставата во училиштата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Министерството за здравство информира дека утрово се одржа состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се дискутираше за здравствените протоколи за реализација на наставата, како и можното започнување на наставата од 1 септември.
Денес не беа донесени заклучоци во однос на овие прашања, разговорите продолжуваат и во наредните денови со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.
Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес, сепак финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре.
Share.