Утре во 11 часот конститутивна седница на Советот на општина Битола

0
954

За утре во 11 часот закажана е конститутивната седница на Советот на Општина Битола.

Како што веќе објавивме мнозинството во советот ќе го има коалицијата на СДСМ , чија листа на изборите на 15 октомври доби најмногу гласови 26 555 гласови со што ќе имаат 17 советници , на второ место е коалицијата на ВМРО ДПМНЕ која освои 17 481 глас или 11 мандати, потоа следува независната листа на Габриела Илиевска. За неа гласале 2969 гласачи, а со тоа обезбедија два советника и еден советник за албанската коалиција на ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА која освои 1550 гласови.