define('WP_AUTO_UPDATE_CORE', 'minor'); Утрово -5 степени во Битола, попладне нов снег - ТЕРА

Утрово -5 степени во Битола, попладне нов снег

Утрово најстудено со -9 степени беше во Крушево, -8 Берово, -6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, -5 Претор, Битола, Прилеп, Дебар, -4 Скопје-З.Рид, Тетово, Охрид, Куманово, -3 Штип, Д.Капија, -2 Струмица, 0 Гевгелија, Дојран.

Снежната покривка во Битола е 11 см.

 Во првата половина од ноќта беше облачно, во западните, а особено во југозападните делови имаше врнежи претежно од снег. Во втората половина врнежите престанаа и облачноста се намалуваше. Утрово во источните делови е претежно ведро, а во останатите умерено до значително облачно. Дуваше слаб, а на повисоките места и вдолж Повардарието умерен ветер  од северен и северозападен правец.

Претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 7 степени.

Сподели