Утрово најстудено во Битола, -8 степени

0
1773

Утрово најстудено во Битола со -8 степени,  -6 Маврово, Лазарополе, -5 Крушево, -4 Кр. Паланка, Охрид, Берово, -3 Претор, Прилеп, -2 Ѓуриште, Пожаране, Тополчани, Тетово, Струмица, -1 Куманово, Д. Капија, 0 Штип, Скопје, Гевгелија, Виница.

Утринава сончево и студено со мала облачност во западните делови. Понекаде дува слаб променлив ветер.

До крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност претпладне на запад, а преку денот на север и на исток. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер, само во западните делови ќе дува умерен западен ветeр.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст па веќе во четврток дневната температура ќе достигне 18 степени во југоисточните делови.