В сабота концерт на Амира Медуњанин во Хераклеја

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 08-ми август со почеток во 21:00 часот Амира Медуњанин ќе одржи ексклузивен концерт во Хераклеја, после 5 месеци пауза поради пандемијата. Таа утре ќе пристигне во Битола и ќе се подготвува за нејзиниот концерт.

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт на нарече босанската Били Холидеја, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години.

Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи.

Од Авалон потсетуваат дена носењето на заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концертот.

Share.