Вакцината на „Модерна“ од 25 до 37 долари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вакцината против коронавирусот, фармацевтската компанија „Модерна“ на државите ќе им ја продава по цена од 25 до 37 долари за доза, во зависност од нарачаната количина.

Ова го изјавил извршниот директор на компанијата, кој нагласил дека нивната вакцина чини исто колку и вакцината против грип, што е помеѓу 10 и 50 долари.

Европската унија прави напори за договор со „Модерна“ за набавка на милиони дози од нејзината потенцијална вакцина по цена помала од 25 долари за доза, пренесува Ројтерс.

Share.