Вакцината против Ковид 19, сите земји на ЕУ ќе ја добијат во исто време

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сите земји-членки на Европската унија во исто време ќе имаат пристап до вакцината против ковид-19.

Како што најави претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лејен, вакциината ќе се распределува во согласност со бројот на жители.

Таа по видеоконференцијата на лидерите на ЕУ кои вонредно разговараа за соработката и одговорот на вториот бран на новиот коронавирус, оцени дека ситуацијата во Европа е многу сериозна поради зголемениот број на новозаболени, хоспитализирани и смртни случаи.

Претседателката на ЕК ги повика сите земји-членки на ЕУ да споделуваат точни и правовремени информации за националните епидемиолошки ситуации со Европскиот центар за превенција и контрола на заразните болести, а сите Европејци да преземат мобилни апликации за следење на контактите со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.

Share.