Вардарци се сместија во Келн, од утре го почнуваат историскиот фајнл-фор во ЛШ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Доцна синоќа експедицијата на Вардар пристигна во Келн и се смести во хотелот „Радисон Блу“ каде беа пречекани од останатите екипи кои учествуваат на фајнл-фор турнирот.

Денеска е ден за прилагодување и последни подготовки пред утрешниот голем натпревар против Барселона кој започнува од 18 часот.
Раул Гонзалез нема проблеми со повредени ракометари, сите се подготвени да го дадат максимумот и преку силната Барселона да се пласираат во големото финале од Лигата на шампионите.
Фајнл-фор турнирот започнува утре со натпреварот помеѓу Веспрем и ПСЖ кој се игра од 15:15.
www.mkd.mk
Share.