Variety го смести Горан Столевски меѓу најдобрите 10 режисери

Списанието за филмска, музичка и театарска уметност, Variety, ја објави својата листа на режисери кои не треба да ги пропуштиме во годината што следи. Меѓу десетината најдобро квалификувани беше и македонскиот режисер Горан Столевски за неговиот најнов филм „Нема да бидеш сама“.

„Уште еден неверојатен автор, едуциран во Австралија го поврзува фолклорот на родната Македонија во неговото долгометражно деби, „Нема да бидеш сама“ што ги истражува проблемите на родот и идентитетот на начини какви што публиката никогаш не видела претходно“, пишуваат во списанието.

Главната улога во филмот ја толкува Сара Климоска , Наоми Рапејс, Анамарија Марница. Филмот е во продукција на американската продукциска компанија Focus Features.

Премиерата на филмот ќе биде на 28 јануари 2022 година во кината во САД.

Неда Маретиќ

Сподели