Вечерва за половина час четири земјотреси, два со јачина од 4 степени

0
2843

Два посилни земјотреси се регистрирани вечерва во охридско-преспанскиот регион. Во 20:03 минути регистриран е потрес со јачина од 4 степени според Рихтер, следниот беше во 20:24 минути со 3,4 степени, потоа во 20:28 минути со интензитет од 3,5 степени и најсилниот во овој период во 20:30 минути со магнитуда во жариштето од 4,1 степен според Рихтер.

Во меѓувреме извидничкиот центар Охрид ги отвара вратите за сите оние кои имаат потреба од преноќувалиште поради денешниот силен земјотрес од 5 степени според Рихтер.

Сместувањето е во шатори со обезбедени подметачи и вреќи за спиење.