Вел и Мугер Фугер на Битола отворен град

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Спој помеѓу осмислената тишина и совршената музичка врева, вака вели организаторот на концертите на Вел и Мугер Фугер кои се одржаа на последната вечер во Битола отворен град.
„Слободно може да се каже дека беше глобално звучно треперење на еден битолски релативно нов бенд, составен од познати музичари ВЕЛ …. и еден култен скопски бенд со уникатна музичка идеологија, кој бил и сé уште е ѕвезда северница за многу аудиофили и музичари во регионот, МУГЕР ФУГЕР кои пак заедно со неуморниот и секогаш свој Горан Трајкоски ставија личен жиг на затварањето на овој фестивал, кој очигледно во 19-та година кажа дека светлото во тунелот на музиката е сосем сјајно.“ велат од МКЦ Битола.

Share.