Верушевски ги исполнува критериумите за да биде директор на УБК

0
1387

Премиерот Зоран Заев денеска беше повикан во Специјалното јавно обвинителство, како што информираше тој, во својство на оштетен во случајот кој СЈО го води под кодно име “Таргет”.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на прислушувањето, кој би бил новиот директор на УБК, и дали постои можност Верушевски да дојде на таа позиција, Заев рече дека ексдиректорот на оваа институција ги исполнувал сите услови, но дека, најважно му е на чело на УБК да застане експерт кој ќе биде соодветна гаранција дека во Македонија службите работат соодветно.

Дополнително одговарајќи на новинарско прашање, зошто со истрагите на СЈО се опфатени луѓе од ВМРО ДПМНЕ, Премиерот потенцираше дека ако постои индиција за криминал за било кој од СДСМ, тој треба да одговара, но дека изминативе 11 гостини тие како партија немале пристап до јавните пари и да раководат со нив.

Заев информираше дека како прв меѓу еднаквите во Владата, ќе направи се да се продолжи мандатот на СЈО за да ја заврши задачата за кое беше формирано а тоа е да расчисти со идициите за криминал кои произлегоа од прислушуваните разговори.

Во однос на денешното позитивно мислење од Советот на јавни обвинители за разрешување на Зврлевски, премиерот Заев го повтори ставот дека останува отворен на местото републички обвинител да застане експерт од правната фела.

http://novatv.mk