ВИДЕО: Алармантна е состојбата кај пумпната станица на „Водовод“

Врнежите од дожд го зголемија нивото на водата во реката Драгор. Од „Водовод“ велат дека алармантна е состојбата кај пумпната станица која се наоѓа во населбата Довлеџик. И додаваат дека потпорниот ѕид навреме бил изграден, за да спречи поплавување на реонот.

Инаку пред крајот на декември 2020 година завршија градежните активности за санацијата на потпорниот ѕид кај пумпната станица Довлеџик. Станува збор за регулација ка коритото на реката Драгор која поради нерегулираноста, при надоаѓањето на вода, вршеше поткопување на земјиштето, а со тоа и на дел од патот, при што се спречуваше пристапот до пумпната станица, со која се овозможува водоснабдувањето на градот.

За денеска метеоролозите прогнозираат врнежи од дожд, а на повеќе места тие ќе бидат обилни и
локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2.

Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.

И утре ќе продолжат врнежите од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни.

Од „Водовод“ утрово информираа дека дождот ги наполна водотеците на Пелистер, Лак Поток и Црвена Река од кои Јавното претпријатие „Водовод“ црпи вода и дека тоа е добра состојба по сушниот период.

 

 

Сподели