Видео: Конститутивна седница на советот на општина Битола

0
2137

Во 11 часот започна конститутивната седница на Советот на Општина Битола.
Со неа претседаваше најстариот од редот на новоизбраните советници Веселин Талевски.
Избраната верификациона комисија ги верификуваше мандатите на членовите на советот, потоа следеше избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања, па избор на претседател на Советот и носење на решение за депонирање потпис на овластено лице на жиро сметките на општина Битола.

На конститутивната седнициа присуствуваа сите советници,како и градоначалничката Наташа Петровска.
Валентин Груевски кој беше носител на советничката листа на СДСМ и нивната коалиција, а кој е од редовите на ЛДП е избран за претседател на Советот на општина Битола со мнозинство гласови.
За Груевски гласаа и двата советника од советничката група Поинаку.
Против гласаа советниците од опозицијата.
Советниците дадоа свечена заклетва, а нив им се обрати и градоначалничката на Битола Наташа Петровска која им посака успешна работа.

Мнозинството во советот го има коалицијата на СДСМ со 17 советници, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со 11, два советника од независната листа Поинаку и еден советник од албанската коалиција на ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците.