ВИДЕО: Напади во Лондон, полицијата и војската на улица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лондонската полиција е во потрага по тројца осомничени, откако комби удри во голем број пешаци на Лондонскиот мост во центарот на Лондон, јави Би-би-си.

Има информации и дека некои луѓе се прободени со нож, но сè уште не се знае дали во истиот или во посебен инцидент. Полицијата јави и дека дошло до инцидент во маркет во близина на мостот, каде што исто така има вооружени полицајци.

Сведоци на Твитер велат дека маж што мавтал со нож влегол во маркетот и дека има крвави луѓе на подот.

Полицијата се обидува да ги изнесе луѓето од областа.

Британската транспортна полиција соопшти дека има голем број жртви во инцидент во кој „се вклучени возило и нож на Лондонскиот мост“.

Сведоци од местото велат дека се слушнале и истрели од огнено оружје, а на местото има 30 до 40 амбулантни коли, како и вооружени полицајци.

Полицајците им помагаат на повредените и ги носат на безбедно. „Трчајте набрзо што можете“, наводно им рекле полицајците на минувачите што се нашле таму.

Французинка што била повредена во инцидентот рекла за Би-би-си: „Не знам каде се другите две лица. Полицијата ја проверува Темза. Тие беа веднаш тука на работ на мостот, па можеби се фрлиле“.

www.mkd.mk

https://www.youtube.com/watch?v=f8iQU7at-O4

https://www.youtube.com/watch?v=oR5elECr8uM

Share.