Видео: Од последната концертна вечер на „Илинденски денови“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Овогодинешното 50 јубилејно издание на Републикиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ заврши со концертот на групата Фонтана од Битола и пријателите, а беше насловен  „Од душата на традицијата“.

Благојче Трајковски – кларинет и Елена Андоновска – вокал, во придружба на Група „Фонтана“ и пријателите Тимко Чичаковски – канон, Ратко Даутовски – перкусии и Игор Милевски – виолина, ги расположија присутните во Пациото на Заводот и музеј од Битола со музиката која ја презентираа.

Од групата Фонтана јавно се заблагодарија за можноста да учествуваат на овој фестивал.

„Настан кој засекогаш ќе остане во нашите сеќавања. Концерт кој за нас беше од посебно емоционално значење. Голем јубилеј кој заедно со прекрасната публика го одбележавме достоинствено и со многу чувства и емоции. За нас честа и задоволството беа огромни што бевме дел од свеченото затворање на најголемиот фестивал во нашите простори ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ. Им благодариме на нашите драги пријатели на сцената за целата своја професионалност и посветеност. А за организаторот, најискрени честитки, затоа што во овие тешки услови покажа и докажа дека овој фестивал е многу сериозен фактор за развојот нашата култура и уметност“, истакнаа јавно од групата Фонтана.

Концертот беше одржан на 30.07.2020.

Share.